Барние: ЕУ е отворена за „поамбициозен“ договор за Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 8:23 AM

Барние: ЕУ е отворена за „поамбициозен“ договор за Брегзит

Европската унија е отворена за можноста за постигнување договор со Велика Британија за нејзино истапување од ЕУ, кој би бил „поамбициозен“ од сегашниот, што во вторникот го отфрли британскиот Парламент, изјави главниот европски преговарач за Брегзит, Мишел Барние.

– Ако Британците велат дека сакаат поамбицизен договор, ние сме отворени за разговор – изјави синоќа Барние во Лисабон по средбата со португалскиот премиер Антонио Коста.

Коста, пак, од своја страна изјави дека сега, по одбивањето на договорот од страна на Парламентот во Лондон, „следниот чекор не зависи од ЕУ или од Барние, туку од Велика Британија“.

Барние, претходно на средба со членови на португалскиот Парламент, изјави дека ЕУ ќе усвои план за „непредвидливи ситуации“, со цел да може да се справи со евентуалниот Брегзит без договор.