Трамп одлучи: Американската делегација нема да присуствува во Давос – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 8:09 AM

Трамп одлучи: Американската делегација нема да присуствува во Давос

Претседателот на САД, Доналд Трамп одлучил да го откаже доаѓањето на американската делегација на „Светскиот економски форум“ кој ќе се одржи во Давос, поради делумниот прекин на сојузната влада, соопштуваат од Белата Куќа.

„Со почит кон 800.000 американски работници кои не примаат плата и како би добиле поддршка од својот тим, претседателот Трамп го откажа патувањето на својата делегација на „Светскиот економски форум“ во Давос, во Швајцарија“, изјави Сара Сандерс, портпаролка на Белата Куќа.

Наместо Трамп на форумот кој ќе биде одржан од 21 -ви до 25 -ти јануари, требаше да патуваатдржавниот секретар Мајк Помпео, министерот за трговија Вилбур Рос и министерот за финансии Стивен Мнучин.

Светскиот економски форум во швајцарското скијалиште Давос е местото каде ќе се сретнат со светската економска и политичка елита, на кои се очекува околу 3.000 посетители, меѓу кои 65 претседатели на држави и влади.

Поради „густата агенда“, на форумот нема да дојде ниту францускиот претседател Емануел Макрон, како и британската премиерка Тереза Меј.