При експлозија која се случи синоќа на автомобил бомба во дворот на Полициска академија во колубискот главен град Богота, најмалку 10 лица загинаа а 66 други се ранети. Во околина на експлозијата причинета е и материјална штета со што биле искршени и повеќе прозорци на околните згради.
Помеѓу загинатите покрај Колумбијци, има и државјани на Панама и Еквадор, соопштува Министерството за обрана на Колумбија.
По овој напад се огласи и колумбискиот претседател Иван Дуке кој ја прекина турнејата низ неколку западни земји и се врати во Колумбија.
„Ова не е напад само против младите, туку и против безбедносните сили или полицијата. Тоа е напад врз општетсвото. Овој терористички напад нема да помине неказнето, нагласи Дуке, при посетата на местото каде што се случи експлозијата.
Колкумбиски јавен обвинител соопшти дека нападот е извршен од старна на 56 годишниот Хозе Алдемар Рохас, кој активирал 80 килограми експлозив во возило марка „Нисан“. Според обвинителот возилото пред шест месеци ја минало границата со Венецуела.


