Најмалку десетина лица загинаа при експлозија на автомобил во Колумбијаc – ММС
ММС

Објавено на: 01/18/19 7:46 AM

Најмалку десетина лица загинаа при експлозија на автомобил во Колумбијаc

При експлозија која се случи синоќа на автомобил бомба во дворот на Полициска академија во колубискот главен град Богота, најмалку 10 лица загинаа а 66 други се ранети. Во околина на експлозијата причинета е и материјална штета со што биле искршени и повеќе прозорци на околните згради.

Помеѓу загинатите покрај Колумбијци, има и државјани на Панама и Еквадор, соопштува Министерството за обрана на Колумбија.

По овој напад се огласи и колумбискиот претседател Иван Дуке кој ја прекина турнејата низ неколку западни земји и се врати во Колумбија.
„Ова не е напад само против младите, туку и против безбедносните сили или полицијата. Тоа е напад врз општетсвото. Овој терористички напад нема да помине неказнето, нагласи Дуке, при посетата на местото каде што се случи експлозијата.

Колкумбиски јавен обвинител соопшти дека нападот е извршен од старна на 56 годишниот Хозе Алдемар Рохас, кој активирал 80 килограми експлозив во возило марка „Нисан“. Според обвинителот возилото пред шест месеци ја минало границата со Венецуела.