Групната фаза од СП во Германија и Данска за Македонија е готова. Во Б групата во Минхне нашата селекција финишираше на 4. место, зад Шпанија, Хрватска и Исланд, а пред Бахреин и Јапонија.
Сега за „црвено-жолите“ следи настап во ПРезиден Купот каде што ќе разигруваме за пласман од 13. до 16. место.
Веќе в сабота го играме првиот меч кој на програмата е во Келн, а наш противник ќе биде Русија. Тоа е селекција која што добро ја познаваме сооглед на тоа што има голем број на играчи кои го носат дресот на Вардар, а селектор е спортскиот директор на „црвено-црните“; Едуард Кокошаров.
Средбата се игра во „Ланксес арена“ со почеток 13:00, а доколку славиме на истиот за противник потоа ќе го имаме победникот од мечот Катар и Чиле.
Преземено: СпортКлуб


