Илјадници граѓани се собраа во Белград: Транспаренти за добредојде на Путин (Фото) – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 5:51 PM

Илјадници граѓани се собраа во Белград: Транспаренти за добредојде на Путин (Фото)

Фото: Espreso rs

Во знак на поддршка на рускиот претседател, Владимир Путин кој денеска пристигна во Белград, голем број граѓани од цела Србија излегоа на улиците во главниот град. Со транспаренти „Спасиба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“ тие дојдоа да го поздрават Путин, чија посета на Србија се одвива под засилени безбедносни мерки.

Фото: Курир рс

Како што пренесуваат српските медиуми, во Белград со 40 автобуси се дојдени и околу 2000 Срби од Косово.

Дел од граѓаните кои излегоа за поддршка на рускиот претседател се пред храмот Света Сава во белградската општина Врачар, за кој Русија како што потврди денеска Путин, ќе донира пет милиони евра.

Двајцата колеги попладнево се обратија на заедничка прес конференција, на која Вучиќ потенцираше дека без Русија нема да има решение за Косово и Метохија:

„Ние преговорите за прашањето за Косово го водевме се’ додека не беа воведени такси со посредство на ЕУ. Можеби Албанците еден ден ќе сакаат компромис, би сакал тоа да го видиме. Без Русија и без силата на Русија во Обединетите нации јасно е дека нема да има никакво решение. Пред секое решение ќе се посоветувам со претседателот Путин. Цело време зборуваме за решенија, веројатно сите сакаат добри вести, а јас  сум реален и сакам да бидам оптимист, во овој момент не гледам решение и не мислам дека ќе го постигнеме во скоро време“.

Фото: Tanjug

Путин пак рече дека за Русија поддржува решение кое е прифатливо и за Косово и за Србија, додавајќи дека Русија исто како и Србија е заинтересирана Балканот да остане стабилен и безбеден. Сепак според Путин, косовските власти во последно време преземаат провокативни чекори кои како што рече тој, ја затегнале ситуацијата. Тој смета дека Русија отсекогаш активно учествувала во решавањето на прашањето за Косово.

„Потребно е повеќе да се почитува меѓународното право и тогаш е можно праведно решение“, рече Путин додавајќи дека Рустија ќе работи со партнерите за да се постигне праведно решение.