Неделковски не се чувствува виновен за објавите за пожарите во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 4:54 PM

Неделковски не се чувствува виновен за објавите за пожарите во Грција

 

Водителот, Миленко Неделковски денеска седна на обвинителна клупа за предметот во кој е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет поврзан со пожарите кои летото ја зафатија Грција и кои резултураа со околу 90 жртви.  Неделковски на денешното, прво рочиште за овој случај рече дека не се чувствува виновен. Во текот на истрагата пак, тој во Обвинителството не дал исказ бидејќи не бил достапен на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

Според обвинението, Неделковски со објава на статус на Фејсбук промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар, кривично дело кое предвидува казна од една до пет години.

По завршување на рочиштето, тој одби да даде изјава за новинарите и ги искара дека бараат изјава од него, а не ги следат другите судења кои се закажани за денеска.

Судењето продолжува на 22 февруари.