Расчистен патот Маврово – Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 4:35 PM

Расчистен патот Маврово – Дебар

Патниот правец Маврово – Дебар е расчистен од лавината и прооден во двата правци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Претходно, поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвиваше наизменично по една коловозна лента.

АМСМ претходно соопшти дека лавината се наоѓала кај местото викано „Врбјанска раскрсница“ и оти се појавила околу 13:20 часот.