Србија: Ученичка од седмо одделение се онесвестила и починала во училиштето – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 3:18 PM

Србија: Ученичка од седмо одделение се онесвестила и починала во училиштето

Милица Анџелковиќ на возраст од 14 години, починала во ОУ ,,Бранко Радичевиќ” во Маракида кај Инџија.

Милица, инаку ученичка во седмо одделение паднала во наставничката канцеларија, изјавил директорот на училиштето Ѕвонимир Чаушевиќ.

Според неговата изјава, наставниците кои веднаш повикале Итна помош се обиделе да и помогнат на Милица, меѓутоа по нивното доаѓање на лице место, лекарите само можеле да ја констатираат смртта на девојчето.

Како што соопштуваат од полицијата истрагата е во тек.