Анѓушев: Очекувам сега Фени да биде стабилна компанија – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 2:34 PM

Анѓушев: Очекувам сега Фени да биде стабилна компанија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев очекува Фени да биде стабилна компанија по затворањето на стечајната постапка и се надева дека комбинатот ќе има серизен придонес во економијата, особено поради фактот што новите сопственици најавуваат дека ќе ја отворат и втората линија.

„Конечно се растераа сите магли околку случајот на Фени и денеска е прв случај со завршен стечај во историјата на Република Македонија со целосно исплатени доверители, а компанијата и во активен стечај продолжи да работи. Најавата од сопствениците дека ќе ја отворат втората линија би го дуплирала производството на Фени, а тоа ќе значи и дуплирање на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени и ќе има значително влијание во БДП на земјава“, рече Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање на денешниот Македонско-бугарски бизнис форум во Скопје. Тој посочи дека просечните плати во Фени во моментов се над 500 евра.

Вчера, ГСОЛ/Еуроникел соопшти дека  Апелацискиот суд го потврди решението на Основниот суд во Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на Фени индустри.