Тела на 13 бебиња откриени во болница во Краљево – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 2:27 PM

Тела на 13 бебиња откриени во болница во Краљево

Во фижидер за замрзнување во општата болница во Краљево пронајдни се 13 мртви бебиња. Од болницата велат дека станува збор за мртвородени бебиња во период од 2016 до 2018 кои не се погребани, пренесуваат српските медиуми.

Се работи за бебиња кои родителите не ги земале и не ги погребале, што по закон не се ни должни тоа да го направат, велат од општата болница.

Објаснуваат дека порано не постоела одлука за погребување, и дека истата е донесена минатата година, и дека сега чекаат одговор од комуналното претпријатие за погреб на бебињата.

Во моментот во болницата е надлежна екипа која го истражува случајот.