Неподвижни возила дополнителен проблем во паркирањето во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 2:24 PM

Неподвижни возила дополнителен проблем во паркирањето во Кавадарци

Анализата подготвена од локална самоуправа Кавадарци по извршените теренски проверки покажува дека дваесетина проценти од паркинг местата во центарот на градот се зафатени со неподвижни возила.

Оваа анализа е направена пред почетокот на зонското паркирање кое наскоро треба да биде воведено, а со тоа да се реши и големиот проблем за кавадарчани со немањето слободни места за паркирање.

„Имаме направено анализа и се поажа дека 20-тина отсто од паркираните возила се неподвижни. Имавме манифестација во градот и требаше да се отстранат возилата од главната улица. За три возила моравме да викнеме пајак од Скопје да ги дигнеме, затоа што нивните сопственици веќе беа по два или три месеци надвор од државата, а возилата им беа паркирани во централното градско подрачје“ вели градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев.

Тој информира дека веќе е формирано јавно претпријатие за паркирање и многу брзо ќе биде ставен во функција т.н пајак кој ќе ги отстанува непрописно паркираните возила.

„Со зонското паркирање ќе имаме многу покомотна состојба со паркирањето. ЈП е формирано и моментално има само еден вработен. Очекуваме да ни стигне пајак возилото. Ќе вработиме уште 4 лица и во координација со полицијата ќе се дејствува за отстанување на непрописно паркирани возила. Нема да биде активиран системот за наплата, туку само ќе се отстрануваат возилата непрописно паркирани – објаснува Јанчев.

За оваа година од општината најавуваат и изградба на нова катна гаража за околу 150 возила, а уште еден кат ќе добие и веќе постоечката катна гаража, со дополнителна можност за паркирање на уште сто возила. Со изградбата на градскиот пазар, исто така ќе се обезбеди простор за паркирање на околу двеста возила.

Голем е бројот на кавадарчани кои реагираат поради несовесен однос на поединци кои паркираат возила во најфрекфентните улици и потоа забораваат со часови и денови на нив.

 

Ангел Данов