„Ви благодарам братско српски народ“ вака Путин се обрати пред српската јавност – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 2:10 PM

„Ви благодарам братско српски народ“ вака Путин се обрати пред српската јавност

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му посака добредојде на рускиот претседател Владимир Путин и изрази благодарсност на неговиот личен ангажман на развој на српско – рускиот однос.

„Кога се запознавме пред шест години, главно разговаравме како Србија да ги враќа долговите, а денеска Србија нема проблем со тоа, плаќаме се навреме и станавме верен партнер на Руската федерација, изјави Вучиќ во воведното обраќање, по што двајцата претседатели разговорите ги продолжија со двете делегации во потесен круг.

Во обраќањето до јавноста, Путин му се заблагодари на Вучиќ со зборовите „многу направите за вашата земја, за Србија но и за нашата соработка и меѓусебното пријателство“.

„Добро ја памтам мојата последна посета на Србија. Ви благодарам на сите за пречекот, братски српски народ. Духовната блискост помеѓу двата наши народи помага да ги развиеме и да ги зацврстиме нашите односи. Многу ми е драго што имам можност да ја посетам пријателската земја Србија“, вели Путин.