На 29 -ти јануари би требало да се одржи дебата и гласање за планот „Б“ за Брегзит на премиерката Тереза Меј, денеска најави претседателката на Долниот дом на британскот Парламент, Андреа Лидсом.
– Целодневната дебата за предлогот би се одржала во вторник на 29 јануари, доколку Долниот дом се согласи со тоа, изјави Лидсом.
„Планот Б“ за Брегзит, Тереза Меј најави дека ќе го достави во понеделник. Ваквата одлука е донесена откако во вторникот пратениците во Долниот дом го одобрија Договорот за истапување на Велика Британија од ЕУ, што мината година во ноември го постигнаа Владата од Лондон и Брисел.


