Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на аеродромот во Белград „Никола Тесла“, тој беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ, со почесна воена гарда.
Путин слетал околу 13.06, а еден час пред рускиот претседател, на белградскиот аеродром слетал авионот со руската делегација.
По поздравот, Вучиќ и Путин влегоа во лимузината на шефот на руската држава, позната како „Ѕвер“, во која бил извршен и првиот разговор.


