„Путин оди си дома“ му порача на рускиот претседател организацијата „Млада Војводина“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 11:52 AM

„Путин оди си дома“ му порача на рускиот претседател организацијата „Млада Војводина“

Голема врева се крена кај северниот сосед Србија околу доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин. Во пресрет на неговата посета, во неколку градови на Војводина се појавија натписи на англиски јазик на кои пишува „Путин оди си дома“.

Очигледно не секаде е посакуван најавениот гостин кој доаѓа од студената Русија. Нови Сад, Зрењанин, Кикинда, Бачки Петровец, Врбас, Бечеј, Нови Бечеј се градовите каде Путин е најмалку посакуван, а зад сите овие натписи се појавува организацијата „Млада Војводина“ позната по слични вакви акции. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за нерегистрирана организација, кои себе си се доживуваат како револуционерно републиканско движење, чии симпатизери се слаби политичари.

„Млада Војводина“ ѝ е позната на поширокта јавност кога по изборите во шпанската покраина Каталонија и победата на партијата која се залага за отцепување на покраината, испиша графити Војводина=Каталонија во повеќе градови во Војводина.