За влакно избегната физичка пресметка во хрватското Собрание (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 11:02 AM

За влакно избегната физичка пресметка во хрватското Собрание (ВИДЕО)

Жесток дуел помеѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ  и пратеник од опозициската партија „Мост“. Што би се рекло „за влакно“ е избегната физичка пресметка во хрватското Собрание.

Како причина за инциднтот дошло откако Никола Грмоја го обвини Пленковиќ дека работи за интересите на Србија, на што Пленковиќ неколкупати нервозно му возврати на обвинувањата, по што стана и тргна кон него.

На собраниската седница се дискутираше за прашањето за поглавјата кои Србија ги отвора во ЕУ, а дека Загреб не се ни обидува тоа да го блокира.