„Ние сме сепак повеќе“ порачаа синоќа во Белград протестантите на маршот во чест на Оливер Ивановиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 10:38 AM

„Ние сме сепак повеќе“ порачаа синоќа во Белград протестантите на маршот во чест на Оливер Ивановиќ

Протестен марш по повод годишнината од убиството на опозицискиот политичар Оливер Ивановиќ, синоќа се одржа на улиците во Белград, протестантите бараа да се пронајдат убијците и нарачателите.

Со веќе препознатливите слогани „1 од 5 милиони“ и „Започна!“ испишани на транспаренти се движеше насобраната толпа, а исто така „Ние сме сепак повеќе“ зборови кажани на Ивановиќ на транспарентите беа испишани со најголеми букви.

„Ќе се движиме во тишина, затоа што сите сакаме одговор на прашањето за тоа кој ги изговорил зборовите ‘убијте го’“, рече актерот Бранислав Трифуновиќ пред присутните.

Протестот започна пред Платото на Филозофскиот факултет, а заврши пред храмот „Свети Сава“, каде демонстрантите запалија свеќи.

На собирот се приклучија и активисти од Локалниот фронт од Краљево, кои дошле пеш до главниот град на Србија.

Оливер Ивановиќ беше истакнат српски политичар од Косово, кој беше убиен на 16 јануари минатата година пред седиштето на неговата партија во Косовска Митровица. Убиството сè уште не е целосно расчистено.