Владимир Путин полета од Русија, наскоро се очекува да пристигне во Белград – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 9:58 AM

Владимир Путин полета од Русија, наскоро се очекува да пристигне во Белград

Рускиот претседател Владимир Путин со својот авиот веќе поета од Русија кон Србија како денешна дестинација, каде е предвидено да го пречека неговиот колега по функција претседателот Александар Вучиќ на белгардкиот аеродром „Никола Тесла“.

Предвидено е Путни во Белград да пристигне во 12 часот и 01 минута, а веднаш штом авионот влезе над српско небо ќе биде следен од три воени МИГ авиони, се со цел за поголема безбедност за претседателот на Рисија безбедно да слета кај нашиот северен сосед.

Како што најави српксата полиција, зголемено обезбедување ќе биде присутно на улиците во Белград. Улиците се затворени за сообраќај, а кај храмот Света Сава може да се движат граѓаните само пеш. Оние кои пак живеат и работат во зградите и кои се наоѓаат вдолж трасата по која е замислено да се движи Путин ќе мора да ги спуштат ролетните од нивните прозорци.

Освен ограниченото движење околу зградите, жителите на зградите се однапред замолени денеска да не отвораат прозорци и да не ги креваат ролетните. Исто така се замолени да нема алишта на терасите. Додека пак на крововите на зградите има присуство на снајперисти.