Тркалезна маса „Примена на нови технологии во изборните процеси” – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/19 7:50 AM

Тркалезна маса „Примена на нови технологии во изборните процеси”

Стручна тркалезна маса на тема „Примена на нови технологии во изборните процеси” организира денеска Државната изборна комисија.

Тркалезната маса ќе ја отворат претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски Ташевска.

Целта на тркалезната маса, како што се посочува, е да се иницира дискусија меѓу релевантните страни во изборите за можноста и потребата од воведување и користењето на нови информатички и комуникациски технологии во изборните процеси и презентација на различните меѓународни искуства, пренесени од страна на видни експерти и практичари од оваа област.

На тркалезната маса се поканети претставници од Собранието на Република Македонија, министерствата за внатрешни работи, за информатичко општество и администрација, за правда, за надворешни работи, Државниот завод за статистика, други институции, надзорни тела, граѓански здруженија и претставници од меѓународната заедница во Скопје.