Стручна тркалезна маса на тема „Примена на нови технологии во изборните процеси” организира денеска Државната изборна комисија.
Тркалезната маса ќе ја отворат претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски Ташевска.
Целта на тркалезната маса, како што се посочува, е да се иницира дискусија меѓу релевантните страни во изборите за можноста и потребата од воведување и користењето на нови информатички и комуникациски технологии во изборните процеси и презентација на различните меѓународни искуства, пренесени од страна на видни експерти и практичари од оваа област.
На тркалезната маса се поканети претставници од Собранието на Република Македонија, министерствата за внатрешни работи, за информатичко општество и администрација, за правда, за надворешни работи, Државниот завод за статистика, други институции, надзорни тела, граѓански здруженија и претставници од меѓународната заедница во Скопје.