Црвена Звезда не може без Македонци: Денес потпиша со наш напаѓач – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 6:49 PM

Црвена Звезда не може без Македонци: Денес потпиша со наш напаѓач

Српскиот првак Црвена Звезда кој сезонава играше во групната фаза од Лигата на шампионите денес го претстави своето најново засилување. Станува збор за Македонец.

Тимот од Белград ја официјализираше соработката со Страхиња Крстевски кој доаѓа од Локомотив Софија. Со „црвено-белите“ потпиша договор до јануари 2022 година, но за своето деби ќе почека барем неколку месеци.

Црвена Звзда се реши Крстевски веднаш да го прати на позајмица во својата филијала  Графичар. Кога сме кај овој фудбалер кој е роден во Нов Сад, вреди да кажеме дека има настапи за младите селекции на Македонија до 17 и 18 години.

Во својата кариера покрај Локомотив има настапувано и за Војводина, Пролетер и Ковиљ во Србија.

Преземено од: СпортКлуб