Центарот за управување со кризи , во координација со АРМ и припадници на Црвениот Крст , денеска презедоа акција со хеликоптер на Армијата, со цел доставување на прехранбени продукти и други неопходни средства што им се потребни на жителите на селата Танушевци, Брест и Малино Маало.
Екипите на тимовите што ги координираше ЦУК до овие населени места кои се отсечени заради обилните снежни врнежи пристигнаа со хеликоптер на АРМ и остварија контакти со населението и заради утврдување на нивните потреби од здравствени интервенции.
Во оваа акција учествуваа и стручни лица од ЕВН Македонија заради проверка на далекуводот, за санирање на проблемите со електричната енергија.


