Антикорупционерите сепак ќе имаат увид во банкарските сметки на функционерите – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 6:19 PM

Антикорупционерите сепак ќе имаат увид во банкарските сметки на функционерите

Доцна попладнево по неколкучасовна расправа конечно постигнат договор меѓу власта и опозицијата  за новиот закон за спречување корупција.

СДСМ прифати половина од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ-антикорупционерите сепак ќе имаат увид во банкарските сметки на функционерите.И опозицијата е задоволна од договореното.

„Задоволни сме што владејачкото мнозинство конечно сфати дека на Република Македонија и е потребна квалитетна и пред се професионална Антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија, со што сите манипулации и изјави на претставниците на владејачкото мнозинство што беа изнесувани деновиве, паднаа во вода“, изјави Ане Лешкова од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ немало намера да блокира вакви важни закони.

Од СДСМ исто така на прес-конференција во Собранието изјавија дека Македонија ќе добие силна и независна институција за борба против корупцијата по европски стандарди. Тие наведоа дека од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нашле согласност за 20 амандмани кои, како што истакнаа, се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и оти истите заеднички ги поднеле.