Мицкоски: Избори на кои ќе ги победиме црнилата – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 5:45 PM

Мицкоски: Избори на кои ќе ги победиме црнилата

Тажно, мачно и црно е денес во Македонија.

Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет. Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование.

Тажно, мачно и црно е денес во Македонија.

Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните.

Ги омаловажуваат хероите.

Го менуваат карактерот на македонската држава.

Тажно, мачно и црно е денес во Македонија.

Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба.

Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија.

Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората.

Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата.

Избори за Република Македонија.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ