Од вештачките засладувачи кои најчето се користат како замена за шеќер нема некоја голема корист, но ниту штета тврдат научниците.
Анализата од многубројните истражувања на оваа тема ја нарачала Светската здравствена организација со цел да дадат препораки за употреба на вештачки засладувачи, како што се стевиа и аспартам.
„За жал немаме доволно податоци за конечен заклучок за тоа дали е корисен или штетен за организмот вештачкиот засладувач“, вели еден научник од Универзитетот во Фајбург.
Иако се направени многу работни трудови на оваа тема, во нив нема многу конзистентност. Тие истражувања како што вели научникот од универзитетот се многу обемни и затоа смета дека е потребно таа тема манлку подобро да се истражува.
Тој со неколку колеги го анализирале влијанието на вештачкиот засладувач на едно важно здравствено прашање како телесната тежина и ниво на шеќер во крвта. Како извори тие навеле 56 студии на оваа тема. Заклучоците биле објавени во магазинот „БМЈ“.
Некои помали студии алудирале на тоа дека користењето вештачки засладувач малку повеќе го подобрил индексот на телесна маса кај корисниците и нивото на шеќер во крвта било намалено.
Податоците од 318 учесници во истражувањето покажале дека користењето на вештачки засладувач дневно всушност внесувате 254 калории помалку од оние кои консумирале шеќер, а истовремено тоа резултирало со губење на телесна тежина во износ од нешто помалку од пола килограм.


