Како до совршена „wet look“ фризура? (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 2:56 PM

Како до совршена „wet look“ фризура? (ВИДЕО)

„Wet look“ или влажен изглед на косата е изгледот кој во последно време е чест на модните писти, едиторијали и црвени теписи. Оваа фризура која е идеална за во летниот период, лесно се прави и се одржува, а изгледа прекрасно. Со само три чекори можете да ја направите, а се што вам ви е потребно е малку кокосово масло, производ за обликување на косата и вештина во прстите.

*За почеток би било добро косата да е свежно измиена и на неа да нанесете доста кокосово масло, но исто така погрижете се маслото да не е премногу ладно

*Потоа со прстите расчешлајте ја косата за да бидете сигурни дека секој прамен е во допир со кокосовото масло

*Разбушавете ја косата со прсти, потоа нанесете некој производ за обликување по ваш избор и вашата фризура е подготвена да блесне на црвениот тепих.