Отишла на рутински преглед, а од ординацијата излегла понижена: Бремена жена раскажува за своето лошо искуство – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 2:56 PM

Отишла на рутински преглед, а од ординацијата излегла понижена: Бремена жена раскажува за своето лошо искуство

Четириесет и четиригодишната, Карин Еглтон од Австралија е мајка на три деца. На пат веќе е и нејзиното четврто дете, а мајката раскажува дека за време на еден од рутинските прегледи во болницата била понижена и тоа од непозната личност. За време на дваесет и првата недела од бременоста, Карин била на рутински преглед во локалната болница од каде излегла понижена, бидејќи и’ било кажано дека итно мора да почне диета.

Инаку, Карин е висока 157 см, а тешка 63 килограми. Индексот на телесна маса и’ е 25, така што има само еден килограм повеќе од она што треба да претставува нејзина идеална тежина.

„Истите килограми ги имав и во претходните три бременост и никогаш, баш никогаш не стана збор за мојата наводна гојазност. Овој пат потполно ме понижија. Не гледам каде е проблемот и зошто морам под итно да бидам на диета, само затоа што се здебелив шест килограми и тоа во втората половина од бременоста. Говорам јавно за ова бидејќи се прави се’ поголем притисок врз мајките и трудниците. И онака е доволно тешко да се помине бременоста и потоа да се помиш со своето ново тело, па ако навистина не е неопходно, медицинските сестри би требало да се воздржат од коментари“, изјави мајката – пренесува британски Мирор.