Движењето Анти коцкање на пресс конференција информираше за процесот околу донесувањето на новиот закон за игри на среќа. Побара средба со лидерите на Албанските политички партии, откако деновиве добиле информации од пратениците, дека не се согласуваат со нивните барања поврзани со законот за игри на среќа.
Според Џемал Абдиу од движењето Анти Коцкање, пратениците од ДУИ сметале дека растојанието на објектите кои приредуваат игри на среќа од институциите и другите јавни објекти треба да бидат оддалечени 500 односно 1000 метри, растојание со кое не се согласуваат од Движењето Анти Коцкање.
Од Движењето Анти Коцкање, бараат сите објекти кои приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 3 километри од институциите и другите јавни објекти, а државата да одвојува 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес, и да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето
Најавија нови протести, ако пратениците не ги прифатат нивните барања поврзани со подготовката на новиот закон за игри на среќа.
Зоран Димовски


