Постојат 5 различни начини на сакање, но за каква љубов треба да се борите? – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 2:25 PM

Постојат 5 различни начини на сакање, но за каква љубов треба да се борите?

Сите знаеме дека љубовта е бојно поле, но дали секоја љубов е вредна за борба? – Најверојатно одговорот на ова прашање ќе биде „не“. Не е секоја љубов иста и токму поради тоа често сме во дилема што е вистинска љубов. Можеби не е секоја љубов онаа вистинската, но тоа не значи дека е чиста и вредна.

Првата љубов е едноставна. Не е секогаш лесно, но не буди ниту константно чувство на притисок. Кога со некој ќе одлучите да градите идина, воспоставете хармонија помеѓу сите спротивставености, тоа нзачи дека вам ви се случува вистинска љубов и дека пред вас се појавила вистинската личност. На таквата релација треба да работите и вложувате, но само ако е вредно. За таква љубов треба да се борите.

Тешка љубов. Љубов која е строга. Ова е љубов која ќе ве држи на земја, која од вас бара да бидете одговорни. Партнер кој вас ве контролира и одлучува какви би требало да бидете . понекогаш спротивната страна чувстува страв, но не заминува бидејќи чувстува дека тоа е љубов каква што му е потребна и каква што заслужува. Во ваков однос можно е и двајцата партнери да ја извадат најдобрата верзија од себе, но дали е љубовта во тоа да видиме какви би можеле да бидеме или е во она какви всушност сме?!

Љубов по секоја цена. Оваа љубов е оштетена.  Како причина на тоа може да биде одалеченоста, околината и судбината. Таквиот однос е преполн со работи на кои е неопходно да се работи. Меѓутоа, постојат некои работи кои не може да се поправат колку и да се трудите да опстанете заедно. Дури и ако вие чувстувате дека тоа е тоа и да си мислите дека тоа би можело да трае засекогаш, некои работи едноставно најдобро е да ги оставите.

Забранета љубов. Љубов која не може и никогаш нема да се случи, затоа што не е дозволена од страна на уиверзумот и луѓето околу вас. Ова е онаа љубов поради која би биле подготвени да поместите планини, но не ви се случува зошто едноставно не ви е судена.

Невозвратена љубов. Еден од оние стереотипни љубови во кои една личност сака, но не го кажува тоа затоа што знае дека другата личност ја почитува, но не ја сака на ист начин.