Угледниот американски магазин Sports Illustrated го вброи хрватскиот капетан на 12 место на најподготвени спортисти на светот. Во изборот, ги оценувале настапите и резултатите на спортистите минатата година, барањата на нивните спортови , тежината на тренинзите како и индивидуалните критериуми како брзина и сила.
,,Модриќ на патот на Хрватска до финалето на Светското фудбалско првенство истрчал 63 километри, а покажувал многу малку знаци на умор. Бил издржлив и неуморен во покривањето на теренот. Освојувач е на значајни награди во 2018 година, опседнат е со физичката подготовка.” пишува во образложението на угледниот спортски магазин.