Владата потврди – Дума го советува Заев за 40.000 денари месечно – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 2:20 PM

Владата потврди – Дума го советува Заев за 40.000 денари месечно

Поранешната судијка и членка на Државната изборна комисија (ДИК), Виолета Дума, која поднесе оставка, па беше разрешена како член на Државната изборна комисија поради бонусите, го советува премиерот Зоран Заев. Дума му е советничка на Заев за правосудството за што добива месечен надомест од 40.000 денари, потврдно одговори на новинарско прашање владиниот портпарол Мухамет Хоџа. Портпаролот беше прашан и дали се подготвува терен за прием на уште еден поранешен член на ДИК и колку всушност советници има премиерот.

-Колку советници има, во моментов не можеме да одговориме, а за личноста за која прашувате, да, од седми или осми месец 2018 година и ми е посебен советник на премиерот Зоран Заев и договорот и’ е до осми месец 2019 година, одговори портпаролот Хоџа.

Дума учествувала во Советот за реформите во правосудството, соопштуваат од Владата. Во време кога јавноста реагираше на доделување на бонусите, Дума изјави дека е законска одлуката за да си доделат бонуси додека етичкото прашање е друга работа.