Необичен подарок од Вучиќ за Путин: Рускиот претседател ќе добие машко шарпланинче – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 2:10 PM

Необичен подарок од Вучиќ за Путин: Рускиот претседател ќе добие машко шарпланинче

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подарина рускиот претседател, Путин оригинален подарок. Станува збор за куче од расата шарпланинец. „Блиц“ објави дека во прашање е тримесечно машко кутре, чие потекло е од Шар Планина.

Се работи за автохтона раса, а се знае  дека Путник сака такви раси – наведува за „Блиц“ извор од Кабинетот.

Според него, ова е првпат српскиот претседател да подари ваков подарок.