Во Малта може да си купите пасош за еден милион евра – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 2:08 PM

Во Малта може да си купите пасош за еден милион евра

Сосема легално може да си купите пасошите во неколку држави.Пасош може да ве чини 3.000 долари годишно на Тајланд до инвестиција од милион долари во САД за патна исправа од оваа земја. Во Антигва, Сент Китс и Невис или Света Луција пасошот чини од 100 до 150 илјади долари. Малта, како членка на ЕУ бара еден милион евра за пасош кој подоцна ви отвора многу врати во светот.

За пасошот на Велика Британија, условот е барателот на државјанство одредено време да живее во земјата, пред да има право да го добие истото.

Купувањето на втор (или дури трет) пасош е растечки тренд меѓу богатите. Но, тоа не е опција која је достапна на сите. Во прашање е најчесто „државјанство во замена за инвестиција” и е дозволено во голем број земји ширум светот.

Извор: kariera.mk