Кремаст десерт: Колач во тегла со банана – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 1:10 PM

Кремаст десерт: Колач во тегла со банана

Навистина вкусен десерт на иновативен начин. Кога еднаш ќе го направите, нема да престанете да го правите кога вашиот стомак ќе побара нешто слатко.

СОСТОЈКИ:

Фил
*една лажичка желатин
*две јајца
*10 жолчки
*3/4 шоља шеќер во прав
*2 шољи слатка павлака
*стапче од ванила
*2 шољи пасирана банана
*1 лажичка лимонов сок

Парфе:
*1 слатка павлака
*2 лажички бурбон
*2 лажички шеќер
*3 зрели банани
*2лашички јогурт
*1 лажичка лимонов сок
*30 до 40 колачиња со вкус на ванила

ПОДГОТОВКА:

За фил:
*ставете четвртина шоља вода во плиток сад, додадете го желатинот и почекајте 10 минути
*во една чинија измешајте ги јајцата, жолчките и половина од шеќерот
*во длабок сад, измиксирајте ја слатката павлака, ванилата, преостанатиот шеќер и додадете прстофат сол
*варете го сето тоа на тивок оган помеѓу пет и седум минути, се меша се додека не згусне
*постепено додавајте треина од топлата смеса во смесата со јајцата
*потоа добиената смеса вратете ја назад во чинија и гответе ја помеѓу осум и 10 минути, мешајте со дрвена лажица. Тргнете ја чинијата од оган и додајте го желатинот, пирето од банана и лимоновиот сок
*Пресипете го сето тоа во скаллена чинија, изладете го најмалку три часа пред да сервирате
*за да направите парфе со миксер изматете ја слатката павлака, шеќерот и бурбонот
*во друга чинија измешајте парче банана, бурбон и лимонов сок
*потоа во тегла ставете ред фил, па колачи, потоа парченца банана и повторете ја постапката додека не ја наполните теглата
*остатокот од колачињата и бананата искоритете ги за декорација.