Митрески: Сите пратеници да покажат дека се за борба против корупцијата – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 12:24 PM

Митрески: Сите пратеници да покажат дека се за борба против корупцијата

Македонија има потреба од силна и независна комисија за спречување на корупцијата, и тоа што побрзо. Затоа и Законот е ставен по скратена постапка и со европско знаменце – појасни денеска на прес конференција новиот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Денеска во Собранието влегоа законот за спречување на корупција и судир на интереси. Ги отвораме вратите за избор на нов состав, односно за независна и професионална државна комисија за спречување на корупцијата. Со Предлог законот се прошируваат надлежностите на Комисијата, со цел да стане тело кое суштински ќе застане на патот на корупцијата. Македонија има потреба од силна и независна комисија. Овој Закон ќе се најде по скратена постапка и со европско знаменце. Сите пратеници да покажат дека се за борба против корупцијата“, рече Митрески.