Вице Заев бара 30 000 денари од Александар Николоски: Се вознемирил од негова тв изјава – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 11:21 AM

Вице Заев бара 30 000 денари од Александар Николоски: Се вознемирил од негова тв изјава

Во Граѓанскиот суд претпладнево почна судскиот процес за предметот во кој братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тужбата е поднесена поради изјава која Николоски ја дал за 1ТВ лани во октомври, а во која посочил дека Заев станал бизнис фактор во државата поради наместени тендери.

Вице Заев сега бара отштета од околу 30 000 денари поради тоа што изјавата на Николоски кај него предизвикала вознемиреност и душевна болка.

Николоски пак, кој е тужен за навреда и клевета на денешното рочиште се појави без правен застапник, откако одлучил да се брани сам бидјеќи според него, тужбеното барање е глупаво и бесмислено.

„Она што сум го кажал сум го кажал во својство на потпретседател на партијата кој има право да искажува мислења за работата на Владата. Јас сум стекнал таков впечаток и тие можат да потврдат или демантираат, а не да го малтретираат судот во еден бесмислен предмет. Ако му дошло на Вице Заев до 30.000 денари, тогаш со здравје нека си ги троши“, посочи тој во изјава за медиумите.

Вице Заев денеска во Судот не се појави, но на следното рочиште кое е закажано за 26 февруари тој ќе треба да даде исказ.