Лавров: За Русија е спорно што документите го немаат потписот на Иванов – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 10:26 AM

Лавров: За Русија е спорно што документите го немаат потписот на Иванов

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека Русија не е против промената на името на Македонија, но е спорен легитемитетот на постапката, поради фактот што во ниеден документ, вклуувајќи го и Законот за јазиците, го нема потписот на македонскиот претседател. Според Лавров, заобиколувањето на процедурите и измислувањата на правила, во позадина ја има желбата сите балкански земји да влезат во НАТО.

-Ние го поставуваме прашањето за легитимноста на процесот и дали е воден од намерата преку влезот на балканските земји во НАТО да се сопре влијанието на Русија. Не можеме да се сложиме со тие што сметаат дека за Русија нема место на Балканот – одговори Лавров на денешната прес конференција во Москва.

При тоа, за прашањето за промената на името на Македонија, Лавров појасни дека процесот е легитимен кога се почитува нивото, според кое, усвојувањето на документите ќе како што налага македонскиот Устав и законите, кои бараат потпис на претседателот.

„Дали процесот е легитимен, кога Парлементот ги усвои уставните измени и се примени законот за употреба на јазиците што претседателот одби да ги потпише, како што бара Уставот, што секако раѓа загриженост. И кога вината за сите зла на Балканот се префрла на Русија, ги прашуваме нашите западни колеги како гледаат на присуството на високи западни дипломати и на ЕУ во кампањата за референдум, кога отворено повикуваа за ЕУ и НАТО“, праша Лавров.

На крајот, одговорајќи на прашањето, рускиот министер за надворешни работа го појасни ставот на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на името на Македонија.

„Резолуцијата на Советот за безбедност, која е дел од меѓународното право, бара почитување на Уставот и законите во Македонија. Не е применет легалниот, вистинскиот пат до одлуките, туку се измислени некои правила, според кои потписите на документите се од министри, а не од претседателот на државата. Тоа е опасен тренд, воден од желбата сите балкански држави да влезат во НАТО“, изјави Лавров.