Курц: Жал ми е, нема да има нови преговори за Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/19 10:08 AM

Курц: Жал ми е, нема да има нови преговори за Брегзит

Европска унија не би требало да преговара со Велика Британија за договор за излез на земјата од Унијата – смета австрискиот канцелар, Себастијан Курц. Оваа негова изјава уследи откако британскиот Парламент го отфрли планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.

– Жал ми е поради исходот од гласањето за Брегзит во Долниот дом на британскиот Парламент. Во секој случај нема да има нови преговори за нов договор за повлекување – напиша Курц на Твитер.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на премиерката Тереза Меј и Брисел