Педесет и тригодишен македонски државјанин починал на паркингот на скијачката патека Кулиното кај Разлог, Бугарија, откако му се слошило.
Човекот починал речиси веднаш, а тимот на лекари, само ја констатирал неговата смрт. Бугарските медиуми јавуваат дека Македонецот просто паднал и починал пред очите на неговата сопруга и дете.
Тројцата престојувале во Банско, но одлучиле да скијат во блиското Кулиното. Пристигнале кратко пред пладне и го паркирале автомобилот на паркингот. Додека ги вадел скиите од багажникот, човекот одеднаш паднал на земја. Веднаш била повикана помош, но медицинските лица пристигнале само колку да утврдат смрт. Се претпоставува дека причината за смртта е масивен срцев удар.
Телото на починатиот било однесено во болницата во Разлог, но, семејството одбило аутопсија.


