Луксембург станува првата земја во светот во која целиот јавен превоз ќе биде бесплатен. Новоизбраниот премиер Ксавиер Бетел и коалициската влада објавија дека следното лето ќе ги укинат плаќањето за возењето со возови, трамваи и автобуси.
Акцентот е на подолгите патувања, а целта е да се намали загадувањето, а во исто време и ублажување некои од најлошите сообраќајни застои во светот. Повеќе од 400.000 патници од соседните земји Белгија, Германија и Франција секојдневно патуваат на работа во Луксембург. Од оваа година, во Луксембург превозот е бесплатен за сите граѓани на возраст под 20 години.
Средношколците исто така имаат бесплатни автобуси меѓу училиште и дома. Луксембург во моментов има најголем број на автомобили за своето население во Европската унија.
Како што известува Гардијан, допрва треба да се донесе одлука за тоа што треба да се направи за одделенијата од прва и втора класа на возови. Патниците сега плаќаат 2 евра за до два часа патување, што ги опфаќа скоро сите патувања во малата земја. Владејачката коалиција соопшти дека планира да ги преструктуира даночните олеснувања за патниците, како што е надоместување на сумата преостаната од претходното патување.


