Болката во главата и телото предизвикани од алкохол ја знаат само тие кои претходната вечер консумирале алкохол малку повеќе од дозволеното. Мамурлакот е ситуација од која може да се кренете само ако во организмот внесете она што тој во моментот го бара од вас.
Еве го лекот против мамурлак:
СОСТОЈКИ:
2dcl вода
2dcl свежо исцеден сок од портокал
¼ лажичка сол
½ лажичка свежо изрендан ѓумбир
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ја водата и сокот од портокал, па додадете го солот, мешајте додека не се растопи. Потоа додадете го ѓумбирот. Енергетската бомба испијте ја кога ќе почувстувате паѓање на енергијата во вашето тело.


