Енергетска бомба: Домашен пијалок против мамурлак – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 7:39 PM

Енергетска бомба: Домашен пијалок против мамурлак

Болката во главата и телото предизвикани од алкохол ја знаат само тие кои претходната вечер консумирале алкохол малку повеќе од дозволеното. Мамурлакот е ситуација од која може да се кренете само ако во организмот внесете она што тој во моментот го бара од вас.

Еве го лекот против мамурлак:

СОСТОЈКИ:
2dcl вода
2dcl свежо исцеден сок од портокал
¼ лажичка сол
½ лажичка свежо изрендан ѓумбир

ПОДГОТОВКА:
Измешајте ја водата и сокот од портокал, па додадете го солот, мешајте додека не се растопи. Потоа додадете го ѓумбирот. Енергетската бомба испијте ја кога ќе почувстувате паѓање на енергијата во вашето тело.