Со овие 3 диети ќе го изгубите вишокот килограми и ќе го прочистите организмот по празниците – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 7:31 PM

Со овие 3 диети ќе го изгубите вишокот килограми и ќе го прочистите организмот по празниците

По празниците и многу не здравата храна која се консумираше, многумина од вас можеби веќе одлучиле да се стават на режим и да внимаваат што ќе внесат во својот организам.

Еве неколку ефикасни диети со кои ќе дојдете до вашата посакувана линија:

КЕТО ДИЕТА
Доколку се одлучите за кето диета, вашата исхрана ќе биде базирана на протеини и здрави масти, додека јаглено хидратите ќе ги сведете на минимум. На овој начин телото се доведува во состојба на кетоза, така што за потребната енергија ќе трошите масти, наместо јаглено хидрати и на тој начин ќе дојдете до успешно топење на мастите  во пределот на стомакот. За да бидете успешни во овој режим на исхрана, потребно е од исхраната целосно да го исфлите лебот и другите јаглено хидрати.

АКТИНСОНОВА ДИЕТА
Актинсоновиот режим на исхрана се заснова на ниско внесување јаглено хидрати и високо внесување на протеини. Исхраната се базира на поголем процент на протеини, како риба, јајца и црвено месо. Се јадат и намирници со ниска вредност на јаглено хидрати, како што е пиперка и целер. Наминиците кои содржат шеќер скоро се забранети.

МЕДИТЕРАНСКА ДИЕТА
Медитеранскиот начин на исхрана се смета за еден од најздравите. Исхраната се заснова на намирници од медитеранско поднебје, како внесување на овошје и зеленчук, мали количини на месо и подготовка на храна со маслиново масло.

При одлуката за вашата адекватна диета, потребно е да водите сметка за своите потреби, но и можности. Покрај тоа, вклучете го и вежбањето, бидете физички активни барем 3 пати неделно. Со здравата исхрана и активниот начин на живот. Набрзо ќе ги почувстувате првите резултати и ќе бидете мотивирани да се трудите и ќе ја исполните вашата цел.