Празниците поминаа, но сите останати свечности и прослави на кои сакате да изгледате беспрекорно се во најава, но храната која ја консумиравте во текот на празниците ви предизвика надуен стомак кој не ни дозволува да ги облечеме дел од модните парчиња во нашиот гардеробер. Еве неколку трикови како вашиот стомак брзо ќе спласне:
БАДЕМИТЕ СЕ БОГАТИ СО ВИТАМИН „Е“ кој е одличен за младолик изглед на кожата, а изобилува со протеини и омега 3 масни киселини. Избегнувајте индустриски засолени бадеми, затоа што тие ја поттикнуваат надуеноста, па и затоа ограничете се на максимално 30 парчиња.
ШОЉА ЧАЈ ОД МЕНТА, ѓумбир или камилица одличен е „растерувач“ на гасови, кои може да се собираат во телото и визуелно да го зголемат обемот на стомакот.
БЛАГО ОВОШЈЕ КАКО ЈАБОЛКА ИЛИ ГРОЗЈЕ предизвикува надуеност на телото, па најдобро е да го замените со јагоди, малини и цитрон. Ова овошје содржи антиоксиданси кои го штитат телото од најразлични болести, а содржат и доста вода.
ШОЉА НЕМАСТЕН ЈОГУРТ со малку зрнесто овошје е фина комбинација за меѓуоброк, но и одличен извор на пробиотик кој го штити здравјето.
КОГА ЌЕ ВЕ ФАТИ ГЛАД НАПИЈТЕ СЕ ЧАШ А ОБИЧНА ВОДА. Често пати јадеме па и затоа сме жедни. Водата е незаменлив елемент во човековото тело затоа што го поттикнува исфрлувањето на токсини од телото и го забрзува метаболизмот.
КОГА СТЕ ГЛАДНИ ПОСЕГНЕТЕ ПО АВОКАДО. Ова овошје содржи здрави масти кои заситуваат.


