Доволно е да кажеме дека во главните улоги се Пенелопе Круз и Хавиер Бардем и дека дејството се одвива во Мадрид, и веднаш ќе посакате да го погледнете ова филмско остварување на брачниот пар.
Филмот почнува со Лаура односно Пенелопе Круз како патува со нејзиното семејство од Буенос Аирес во родниот град во Шпанија на венчавката на нејзината сестра. Во сред веселата семејно опкружување и прослава, нејзината постара ќерка ќе биде киднапирана. Во тешките денови кои следуваат, се зголемува тензијата помеѓу членовите во семејството и познаниците, а длабоко чуваната тајна ќе се обелодени.


