Во Радовиш откриена спомен плоча за паднатите бранители – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 5:33 PM

Во Радовиш откриена спомен плоча за паднатите бранители

Во Радовиш беше откриена спомен плоча во чест на полициските службеници од овој град – Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев, кои загинаа во конфликтот во 2001 година. Родителите на паднатите полицајци и нивните семејства со солзи во очите ја следеа церемонијата и полагањето на цвеќе пред спомен плочата каде се испишани имињата на нивните најблиски. Меѓу нив и сегашниот командир на полициската станица во Радовиш, Борче Крстев, чиј татко Коце Крстев, го даде животот како припадник на полициските сили.
– Да се заблагодарам на Општина Радовиш, на Советот и на сите што учествуваа во изградбата на овој споменик, како син на загинат бранител, исто и од име на  семејствата на Готак и на Соколов, рече Крстев.
На откривањето на споменикот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кажа дека благодарание на нивната жртва, имаме обврска да водиме грижа и да не заборавиме.

-Овој споменик посветен на незаборавот кон овие синови на Македонија, не е никаква отплата кон нив. Она што им го должиме, им се враќа само со дела,со хумани дела, со професионални дела, со благородни дела, со се’ она добро,чисто и честито, заради што тие воопшто ги положија своите животи, рече министерот Оливер Спасовски. Споменикот е поставен пред полициската станица.

Градоначалникот на