Лековита комбинација: Цимет и мед – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 4:59 PM

Лековита комбинација: Цимет и мед

Се верува дека секојдневната консумација на цимет и мед во комбинација може да го продолжи животот. Циметот е еден од најстарите зачини познати на човекот, а историјата на медот е стара колку и човештвото. Еве за што е добра оваа комбинација:

СРЦЕ И КАРДИОВАСКУЛАРЕН СИСТЕМ
Направете смеса од мед и цимет во прав и намачкајте на леб. Овој оброк може да го консумирате секојдневни за појадок. Го смалува холестеролот и спречува срцев удар. Луѓето кои веќе имале срцев удар би требало да ја практикуваат оваа комбинација затоа што ќе може да го спречи следниот напад.

Редовната консумација на оваа комбинација го намалува губитокот на воздух и го регулира чукањето на срцето. Кај луѓето во постарата доба артериите и вените губат флексибилност па може да дојде до затнување. Оваа комбинација од мед и цимет позитивно ќе влијае на вените и артериите.

ЗАМОР
Измешајте пола лажичка мед и пола лажичка цимет во чаша вода. Испијте ја во поплдневните часови кога најмногу чувстувате замор. Секојдневната консумација на овој напиток ќе ја зголеми виталноста во рок од седум дена.

ЛОШ ЗДИВ
Измешајте една лажичка мед и една лажичка цимет во прав со топла вода. Секое утро плакнете ја усната празнина и вашиот здив ќе биде свеж во текот на денот.

УБОД ОД ИНСЕКТ
Измешајте  една лажичка мед и две лажички млака вода. Додајте една лажичка цимет во прав, направете смеса и масирајте на местото од убодот. Докажано е дека ја намалува болката и во рок две минути.

ГУБЕЊЕ НА КОСАТА
Оние кои страдаат од опаѓање на косата би требало да измешаат една лажичка маслиново масло, една лажичка мед и една лажичка цимет во прав. Нанесете ја смесата на вашето теме и држете ја 15 минути, а потоа измијте ја косата.