Поради својата енегретска, хранлива и лековита вредност, брокулата стана неизбежен лек против болести кои настануваат како последица на начинот на живеење и исхрана.
Состојки:
*путер
*еден ситно исецкан лук
*900 грама брокула
*еден компир исецкан на парчиња
*две коцки за супа
*400 милилитри млеко
Подготовка:
Прво, сварете ги двете коцки за супа во 700 ml вода. Загрејте го путерот во поголем сад. Динстајте го лукот околу пет минути. Додајте ги брокулата, супата, млекото и зачините. Кога сето тоа ќе се свари, продолжете да варите околи 30 минути.
Добро изблендирајте го во блендер додека не добиете кремаста смеса и варете уште 15 минути.


