Претседателски избори на 21 април: Крајниот рок за распишување е 8 февруари – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/19 3:22 PM

Претседателски избори на 21 април: Крајниот рок за распишување е 8 февруари

Првиот круг од претседателските избори најверојатно ќе се одржи на 21 април, по одложување на првичното планирање на 28 април кога се паѓа Велигден. Вториот круг  би требало да се одржи на 5 мај – најави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој кажа дека 8 февруари е крајниот рок за распишување претседателски избори, а со оглед на тоа што три општини се без градоначалник, Ново Село поради оставка и Дебар и Охрид поради смртниот случај паралелно со претседателските во овие општини да се одржат и избор за градоначалник.